Рацете бараат посебна грижа бидејќи тие се секогаш зафатени: ние не користиме ниту еден дел од телото повеќе од нив.
Затоа за вас подготвивме мелем за раце од природни состојки кои во комбинација даваат совршени резултати.
- 2 лажици пчелин восок
- 2 лажици кокосово масло
- 1 dl масло од невен
- 10 капки есенцијално масло од роза
Пчелин восок растопете го на пареа, па истурете го во стаклена тегла. Додадете кокос, невен и масло од роза.