Сончево и студено со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува -6, а максималната ќе достигне 1 степен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.