Вареното вино делува како течен антиоксиданс, па го штити срцето и крвните садови. Освен тоа, ги спречува воспалителните процеси во организмот, а позитивно делува и на високиот крвен притисок.
Оваа магична напивка може да се користи и за ублажување на симптомите на настинка. Корисна е во случај на бавен метаболизам и намалено либидо. Исто така, билките кои се додаваат во него играат значајна улога во лековитите својства на овој пијалок.
Вареното вино е еден од омилените зимски пијалоци бидејќи влијае на расположението и го загрева телото. Слаткиот вкус и божествената арома на варено вино придонесуваат овој пијалок да го пијат и оние кои не се љубители на вино.
Може да се подготви од само три состојки, а може и да се експериментира за да се добие совршен вкус.
Познатиот готвач Џејми Оливер го открива својот рецепт за најдоброто домашно варено вино. Неговата тајна е во внимателно одбраните зачини кои ја засилуваат аромата, како и во начинот на подготовка кој бара трпение и внимателно следење на редоследот на храната.
Рецепт на Џејми Оливер за варено вино
Потребни состојки
- 2 шишиња црвено вино
- 1 лимон
- 1 лимета
- 200 гр шеќер
- 6 каранфилчиња
- стапче цимет
- зрно од ванила
- 2 ѕвездички анасон
- целото морско оревче
- 3 ловорови листови
Подготовка
За почеток, излупете ја кората од лимон и лиметата. Потоа додадете шеќер да се готви.
После тоа, во смесата додадете каранфилче, цимет, ловоров лист и рендано морско оревче. Додадете ја ванилата, па истурете ја количината на вино да го покрие шеќерот.
Кога ќе зоврие, оставете го напитокот да се готви околу 5 минути, додека не стане густ сируп.
Шеќерот и зачините прво треба да се загреат малку, бидејќи ако се загреат по додавањето на виното, алкохолот ќе испари.
Кога ќе се формира сирупот, намалете ја температурата и додадете го анасонот и остатокот од виното. Загрејте го виното на тивок оган и по пет минути истурете во чаши, декорирајте по желба и уживајте во вкусот.