Исидора Данкан, исклучителна уметничка која денес ја нарекуваат „мајка на модерниот танц“, била Американка со ирско потекло, балерина која се залагала за еманципација на жените.
Таа секогаш тврдела дека „уметноста е живот“ и иако пуританците покажувале екстремен презир кон нејзиниот танц, живот и начин на облекување, таа била обожавана од мажите и средината. На сцената излегувала боса, полугола во проѕирни костими, поместувала граници, тврдела дека класичниот балет не е уметност бидејќи ограничува и не дозволува жената да се изразува.
Таа сметала дека танцот на иднината ќе биде сличен на оној на античка Грција – природен и слободен. Нејзиниот живот бил почесто исполнет со тага отколку со радост, па танцувањето било единственото „место“ каде што таа била своја, слободна, радосна…
Била во вечна потрага по љубов, еднаш напишала:
–Секоја љубов во мојот живот можеше да се претвори во роман, а сето тоа заврши тажно. Секогаш чекав љубов која ќе заврши добро и ќе трае вечно. Но, таа не ја нашла нејзината љубов. Нејзината романса со познатиот руски поет Сергеј Есенин започнала силно и страсно, но завршила трагично, оставајќи ја целосно скршена…
Исидора имала 44 години, а Јесенјин 26, таа знаела само неколку зборови на руски, тој ниту еден на англиски. Но, љубовта се родила, се разгорела од ден на ден се повеќе, без разлика на разликата во годините, јазичната бариера и бесот на јавноста кон нивната врска.
Но, таа врска не траела долго, се завршила трагично, со пијанство, конфликти, тепачки, самоубиства и смрт.
Изворите тврдат дека Есенин често ја напуштал Исидора, а таа го молела да се врати, клекнувала на колена и му ги бакнувала чевлите, нежно велејќи му: Сергеј Александрович, те сакам!
Страста што се разгоре меѓу нив набрзо се претворила во драма и трагедија, а нивната врска остана запаметена како една од најголемите, но и најтрагичните љубовни приказни на сите времиња.