Според Американското здружение за спиење, меѓу 80 и 90 отсто од луѓето доживуваат кошмари во својот живот, а овие страшни соништа дури предизвикуваат хронични проблеми со спиењето кај пет отсто од населението.

Една нова студија сугерира дека депресијата и несоницата се најсилните фактори на ризик за чести кошмари кај возрасните.

За една студија објавена во списанието Sleep, истражувачите анкетирале речиси 14.000 возрасни Финци на возраст меѓу 25 и 74 години за депресија, несоница и дали страдале од кошмари 30 дена.

Помалку од четири отсто од учесниците изјавиле дека имале кошмар во изминатиот месец, но 28 отсто од учесниците со тешка депресија и 17 отсто од оние со несоница имале, пишува Real Simple.

Покрај тоа, според резултатите од истражувањето, жените имале малку поголема веројатност да пријавуваат кошмари отколку мажите.

Истражувачите заклучиле дека најголеми фактори на ризик за кошмари се исцрпеноста, несоницата и „негативниот однос кон себе“, се наведува во соопштението.