На Хрватска и недостигаат уште еден милион работници, изјави Дамир Зориќ, генерален директор на Хрватското здружение на работодавачи.

Зориќ истакна дека на хрватскиот пензиски систем му требаат најмалку тројца вработени на еден пензионер.

Тој изјави дека сега соодносот е 1,5:1 и дека некогаш бил речиси 1:1.

Зориќ посочи дека за да се реши проблемот со недостигот на работници, Хрватска треба да стане трудоатрактивна земја и луѓето да почнат да доаѓаат во неа и дека нема друг рецепт.

Хрватското здружение на работодавачи предложи даночна реформа која, меѓу другото, предвидува намалување на придонесите за пензиско и здравствено осигурување за зголемување на нето платите.