Комисијата за заразни болести ќе заседава денеска, а поради сериозноста на состојбата со епидемијата се очекува да предложи нови рестриктивни мерки за заштита до министерот за здравство.

Засега единствената рестриктивна мерка донесена скоро е полицискиот час кој почнува од 22 часот и завршува во 5 часот наутро.

Многумина очекуваат продолжување на времетраењето на полицискиот час или нов протокол за работа на угостителските објекти и трговските центри.

Комисијата за заразни болести на крајот на состанокот ќе излезе со конкретни предлог-мерки до владата.