Мила Царовска, или е многу итра или тој што и дава идеи е страшен манипулатор и играч. За да не се зборува на големо и на широко како за РОДИТЕЛ1 и РОДИТЕЛ2, тоа што на МРТ почнаа да се прикажуваат содржини за геј популацијата да учат најмалите и како е тоа супер нормално, оп и текна нешто што повеќе ќе ги загрижи граѓаните а тоа е дигитализирање на учебниците односно исфрлање од употреба на хартиените учебници.
- Не постои родител 1 и родител 2. Постои мајка и татко ( без разлика дали се биолошки или не). Од тука влечам заклучок дека со ова сака да се провлече моментот родител 1 машки пол, родител 2 машки пол со женски хормони или родител 1 женски пол и родител 2 женски пол со машки хормони. Или можеби травестити.
- На МРТ има содржини кои прикажуваат како е нормално да си во семејство на геј популацијата. Овие содржини се за најмладите. Ништо лично против геј популацијата, ама нема потреба да ги збунувате децата, кога ќе пораснат сами ќе знаат дали се хетеро или хомо и сами ќе одлучат дали е тоа во ред или не.На овој начин ВИЕ не им давате слобода и сопствено размислување и проценка. На овој начин наметнувате што треба да е нормално а што не.
- Доколку моите сомнежи за оваа акција на Царовска се погрешни тогаш:
- Министерката апсолутно не се грижи за здравјето на нашите најмлади. Не ја интересира штетноста од компјутерите, односно штетното зрачење кое ги повредува очите. За да се научат дневните лекции треба најмалку 4 часа активно седење пред компјутер.
- Не се грижи или воопшто не ја интересира дали секое семејство без исклучок, има финансиски средства да обезбеди дигитален уред за секое дете и можност за плаќање на интернет. Некои семејства имаат и по 2-3 деца, а од таму требаат и 2-3 уреди.
- Изјавува дека доколку дојде до таква ситуација ќе учеле преку МРТ, односно ќе ги следеле часовите. Нели е ова дискриминација од највисок степен? Сте помислиле ли како ќе се чувствува тоа дете?
Г-ѓо министерке, чисто ме интересира што завршивте вие? И еве пошто сте успешна сте стигнале до министерка , дигитално ли ви беше образованието? Исто така се прашувам, дали сте се судриле во животот да немате пари за леб? Патики колку пати ви купуваа годишно? Дали сте свесни дека има деца што одат уште со дупени обувки и стара гардероба? Е баш на овие ученици уште компјутер им фалеше (што не можат да си помислат а не па да го купат) и се ќе биде потоа полно и рамно.
Дали сте свесна дека постојат училишта кои се греат на дрва како пред 30 години? Дали сте свесна дека постојат места кадешто учениците патуваат и по 1 час до соседното село за да учат, бидејќи во нивното нема училиште?
Вие штедите на хартија ли сега? Како да разбереме ние „смотаните“ што имаме завршено педагошки факултет?
Г-ѓо министерке, посветете внимание на посериозните проблеми. Средете ги училиштата да бидат втор пристоен дом на учениците. Модернизирајте ги. А не уште со вратите и прозорите од Југославија.
Посветете внимание на содржините во учебниците. Бааги глупости (посебно во учебникот по македонски јазик) има.
Не протнувајте теми кои се несвојствени за нашето поднебје.
На крајот на денот, ако толку сакате да сте „модерна” и ако сте толку демократски расположена, дајте им избор на родителите. Тие нека решат како сакаат да се образуваат нивните деца. Вие изгледа заборавате дека РАБОТИТЕ за доброто на граѓаните и во ИМЕТО на граѓаните а не сте ШЕФ кој наредува во некоја конфекција па сите МОРА да ви одат по гајдата. Изгледа не разбирате дека ќе МОРАТЕ да си дадете ОСТАВКА ако одите против желбата и доброто на грото граѓани во државата.
Скоро 15 000 потписи се собрани ПРОТИВ последните ваши заложби за дигитализација на учебниците. Ви значи ли нешто тоа, г-ѓо министерке или мува не ве лази? Сепак 15 000 се само бројка за вас нели? Ама претставете си само што значи 15 000 ЛУЃЕ пред вас излезени лути и незадоволни. И не ни фрлајте прашина во очи, вас не ви е толку гајле за „напредокот” по 20 години, ама ај белки еден ден ќе ја кажете вистинската причина, да не претпоставуваме сега, бидејќи претпоставката е мајка на сите заебанции и може на крајот да испадне многу позагрижувачка причината и целта на ова ваше однесување и акција за „подобра“ промена.
И конечно за крај:
Брзај брзај прваче
кон школскиот двор
те чека учителка
со мајчински збор.
Букви, сказни, песнички
на секој нов час
таа ќе ти кажува
со милослив глас.
Брзај брзај прваче
ѕвонче шири глас
децата се собрале
за првиот час.
Автор: Елизабета Најдоска – Величкова за „Трибуна“