Се ближи крајот на годината, со затворањето на оваа, за многумина пеколна година, се доделуваат и голем број на признанја и награди. Меѓу многуте, признанија се доделуваат и во категорија „маж на годината“.
Македонија произведе дузина конкуренти за титулата „Маж на годината“ во оваа 2020 година, секој со своите заслуги. А во продолжение ви го претставуваме нивното портфоило:
Димче Апасиев
Годинава место во трката за „Маж на годината“ си обезбеди лидерот на опозициската „Левица“. Додека сите очекуваа некое ракометарско или фудбалерско име да добие номинација во оваа категорија, номинацијата во категорија стрелец на годината ја однесе токму Димче Апасиев.
По неговиот влез во Собранието, не престанаа да се слушаат истрели, засега нема жртви. Единствено повреден е Талат Џафери во пределот на левиот тестис или народно кажано левото мудо.
Зоран Заев
Премиерот на владата на Македонија, освен што годинава доби втор мандат за формирање на влада, доби и место во листата на кандидати за „Маж на годината“. Тој е номиниран во категоријата – најдолг француски бакнеж.
Бакнежот на Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов убедливо ги руши сите светски рекорди. Јазикот и зборувањето на Заев често е предмет на потсмев помеѓу јавноста, но тој докажа дека токму благодарение на него и неговите лижачки капацитети, се здоби со номинацијата „Маж на годината“.
Илија Димовски
Годинава Илија Димовски секако ќе се кандидираше за „Маж на годината“, ако не во моменталната категорија, тогаш да останеше пратеник сигурно ќе добиеше номинација во категорија „доживотен пратеник во македонското Собрание“, но со однос на тоа што ја изгуби пратеничката фотеља, годинава доби номинација во категорија – поет на годината.
Димовски особено се истакна со својата поетска способност, пишувајќи епитаф посветен на Амди Бајрам. За разлика од Димовски кој од категоријата „доживотен пратеник“ го одели одлуката на неговите сопартијци, Амди Бајрам за несреќа од истата категорија го одвои природата – поточно смртта. Од причина што и Димовски скоро се збогуваше со пратеничкото столче, очигледна беше неговата емпатија кон загубата на Амди Бајрам.
Саша Богдановиќ – Српче
Оние кои се малку сенилни, како на пример Гога јога, Српче за малку ќе ги убедеше дека живееме во 1389 година и дека на Косово се случува „Косовската битка“. На момент целата манифестација заличе на тоа дека Српче е совемениот Менелај од Центар кој тргнал во поход по заробената „Елена тројанска“. Но Српче невестата си ја однесе раче под раче на Косово и ја стави директно пред олтар. Дури тогаш луѓето сфатија дека не се работи за војна, ниту за исправање на историска неправда, туку за свадбена церемонија.
Градоначалникот на Центар годинава доби номинација дури и за Гинис, ама не ја освои, не затоа што не е убедливо најдобар, туку затоа што во Гинис нема категорија – најлуп маж на годината. Но, поведен од старата добра српска – дај шта даш, Српче барем си доби номинација за „Маж на годината“ во Македонија.
Артан Груби
Артан Груби доби номинација во категоријата – заштитник на животните. За разлика од оние кои земаа илјадници евра за тренирање на магариња, тој воден од својата убеденост дека образованието помага во облагородувањето и дека дури и животните може да ги претвори во аристократи, повикува на тренирање на орли.
Скоро секоја прес-конференција ги поставува рацете во добро познатата поза на летање на орлите. Тоа за Артан Груби е особено значаен личен прогрес со однос на тоа дека конечно ја надмина навиката од демонстрирање на позата во која се обучуваат кози.
Максим Димитриевски
За него може да се каже „Куд сви Турци, ту и мали Мујо“. Градоначалникот на Куманово годинава си доби номинација за „Маж на годината“ на Македонија во категорија – миротворци. Не е Нобел, ама пак е нешто.
Максо прво се искра со своите сопартијци, но многу бргу по парламентарните избори, повторно се сети дека сепак е социјал – демократ. Своите кавгаџиски нагони према сопартијците ги правдаше со стекнати последици по менталното здравје од заболување со КОВИД19.
Сега Максо е повторно социјал-демократ, ама нема веќе „орден за значителни придонеси во конституирање на мирот за време на војната во Авганистан“, бидејќи токму тој орден Максо го стави во „коверта“ и му го врати на Каракачанов.
Како ќе реагира градоначалникот на Куманово кога ќе дознае дека повторно добил признание за миротворство, не е тешко да се претпостави. Ќе си го прими и тоа задоволно, не му е прв пат да плукне, па да залиже.
Во категорија „Маж на годината“ се најдоа многу познати имиња, пред се од нашата политичка сцена. Не се најде ниту еден обичен човек, кој со просечна македонска плата и заработени пари во пот и умор ги прехранува своите деца – чесно, тивко, секоја година, одново и одново, без да побара признание од никој, дури ниту од тие за кои работи, ги прехранува и кои веројатно нема време да ги види од пренапорната работа. Чесните татковци, дедовци и сопрузи кои се во море на анонимуси не се мажи на годината во ниту една листа. И да не е фер да го делат местото за погоре наведените ликови, бидејќи се вон конкуренција, тие не се „мажи на годината“, тие се секојдневните херои на нашите животи!
Автор: Магдалена Стојмановиќ