Владата на Косово одобри нови мерки против ковид-19, кои ќе стапат на сила утре, а една од главните е ограничувањето на движењето по 22 часот, пренесува Коха.

На седницата на Владата, премиерот Албин Курти рече дека институциите се должни да ги заострат мерките за да спречат понатамошно ширење на вирусот.

Според новите мерки, угостителските објекти ќе работат со скратено работно време – до 22.30 часот, и тоа само на отворено, а почетокот на новата учебна година се одложува за 13 септември.

Граѓаните што влегуваат во Косово ќе треба да достават доказ за вакцинација, ПЦР тест направен во последните 72 часа или серолошки тест направен во последните 30 дена, без оглед на националноста. Во спротивно, тие ќе мора да бидат во изолација седум дена.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Можно е да се создаде вакцина против сите варијанти на коронавирус
Следната статијаWizzair воведува ефтини летови на 4 нови дестинации од Скопје

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде