Промената на работното место и масовните откази стануваат се поактуелни, особено по пандемијата.

Трендовите во последно време се такви што се повеќе работници послободно ги менуваат работните места и секторите и бараат темпо на работа кое повеќе одговора на нивниот темперамент.

Ова „масовно движење“ зборува многу за тоа како луѓето гледаат на својата работа.

Еве еден пример:

33 – годишниот Марцин знаел дека му е потребна драматична промена на кариерно поле. Ревизорот со седиште во Њу Џерзи се уморил од работата во канцеларија во која неговата најголема интеракција биле мејловите, а неговата секојдневна главна функција била да му „служи“ на резултатот на корпорацијата.

Работев една иста работа секој ден, монотона. Прегледував огромни количини на податоци… Чувствував дека сето тоа е бесмислено и не ги сакав моите соработници, рекол тој искрено.

Од ревизор до здравствен работник
Капката која ја прелила чашата, објаснува Марцин, паднала кога бил на одмор.

Потполно го расипав моето расположение и времето поминато на одмор исчекувајќи го моментот кога ќе се вратам на работа за неколку дена, бев толку несреќен. Сакав работа која има поголема цел од внесување на бројки во табела неколку часа секој ден, вели тој.

Одлучил од ревизор да стане здравствен работник.

Откако завшрил тригодишен колеџ во заедницата и една година за медицинска сестра, се вработил во болничко одделение за интензивна нега во октовмри 2021 година. Наместо да го убива времето во канцеларија, сега му е доверено да се грижи за болни и загроени пациенти.

Промената на работата – поголемо задоволство
„Беше напорно, интензивно и супер стресно, но бев задоволен“, рекол тој.

Промената на работата му овозможила да пронајде работа која е во согласност со неговите вредности.

Доаѓав дома уморен и несреќен. Сега, кога главата ќе ми удри на перникот, верувам дека мојот придонес има поголемо значење, раскажува тој.

Инаку, по пандемијата заживеа трендот на „масовни откази“, бидејќи милиони работници преминуваат на нови улоги и менуваат работни места.

Некои бараат подобра плата и флексибилност, други бараат работа за да го забрзаат напредувањето во кариерата.