Лидерката на француската партија Национално собрание и кандидат на неодамнешните претседателски избори, Марин Ле Пен, беше погодена со јајце во главата додека одела по улица за време на посетата на северниот град Сен Амон-Ле-О.

Ле Пен била гаѓана со јајца од симпатизери на нејзините политички противници, а откако била погодена, брзо била опкружена со обезбедување за да ја заштити.

Видно вознемирена Ле Пен веднаш беше префрлена во канцеларијата на локалниот лидер Гијом Флоркин.

Засега не е познато кој го фрлил јајцето, а Ле Пен не го коментираше нападот, туку им се заблагодари на своите поддржувачи кои дојдоа да ја пречекаат.