Идејата за намерна инфекција со омикрон станува сè попопуларна, вели др. Пол Офит, директор на Центарот за едукација за вакцини во Детската болница во Филаделфија, известува CNN и N1.
Ако сте ги примиле сите дози од вакцината, зошто не би можеле намерно да се заразите со омикронот за да стекнете природен имунитет и да ставите крај на таа приказна?
Омикрон е сепак поблага варијанта, нели? Ова се прашања кои деновиве често можат да се видат на социјалните мрежи, пренесува N1.
Теоријата се шири како шумски пожар, и меѓу вакцинираните и невакцинираните, потврдува др. Роберт Марфи, директор на Институтот за глобално здравје Хејви на Медицинскиот факултет во Фајберг на северозападниот универзитет, предупредува: Треба да бидете луди за намерно да се заразите со ова. Тоа е како играње со динамит.
Во секој случај не треба намерно да се заразувате со омикрон од 4 причини:
- Омикронот не гарантира поблага клиничка слика;
- Не е гаранција за имунитет и заштита од други соеви на ковид;
- Пренесувате болест на деца чиј имунитет е кревок;
- Ќе го оптеретите здравствениот систем.