Многу земји веќе почнаа да ги ублажуваат мерките со подобрувањето на епидемиолошката состојба. Францускиот премиер Жан Кастекс вчера најави дека од 14 март ќе бидат укинати пропусниците за Ковид во оваа земја и дека од тој датум нема да бидат потребни маски во затворени простории, освен во јавниот превоз.

Медицинскиот дел од Кризниот штаб на Србија денеска ќе ги презентира своите предлози за укинување на антиепидемиски мерки, па покрај „сертификати“ би можеле да бидат укинати уште некои. Конечната одлука ќе ја донесе Кризниот штаб чиј  дел од членовите веќе јавно се изјаснија дека е дојдено време за укинување на мерките.

Епидемиологот проф. Бранислав Тиодоровиќ се залага за укинување не само на пропусницата за ковид, за која вели дека и онака не се почитува.