На повеќе локации низ Скопје анонимни активисти поставија макети од мобилни телефони на чии екрани се претставени некои од најчесто употребуваните и најштетните дезинформации во пласирани во земјава.
Покрај секоја од лажните вести напишана е по една народна поговорка или адаптација на народна мудрост која укажува на штетноста, неморланоста и опасноста од манипулациите врз населението.
АСНОМ е избришан од Уставот – Отвори си ги очите, ако мижиш, ќе те лажат! наведено е на едната макета.
Се градат кампови за Македонија да на населат стотици илјади мигранти – Проверувањето е мајка на знаењето, три пати провери еднаш сподели!, порачуваат авторите на герила акцијата.
За само две недели ова ќе ви го промени животот – Што ќе кликнеш тоа ќе жнееш! гласи пораката на една од макетите од акцијата.
Поттикнувањето на медиумската писменост и борбата против дезинформациите и лажните вести е во фокусот на новинарските здруженија во изминатите неколку години.
Согласно професионалните и објективни новинари, ширењето на дезинформации, пласирање на лажни вести и замена на новинарите со ПР службеници сериозно ја девалвира новинарската професија и ја руши довербата помеѓу новинарите и граѓаните, како базична и нужна вредност за опстанокот на функцијата на новинарската професија.