Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се работи на изнаоѓање начин за долгорочна одржливост на македонска Пошта, а за самиот објект којшто пред неколку години изгоре рече дека презема обврска заедно со ресорните министри тој да се онбови.

Одговарајќи на пратеничко прашање на Гордана Силјановска Давкова, тој кажа дека од 2012 година македонска Пошта креира загуба некаде од околу три милиони евра годишно и работи монополски на пазарот.

Тоа е неодржлива ситуација. Секоја година Владата одвојува средства од својот Буџетот. Она што јас сметам дека треба да се направи е комплетна реорганизација на пошта односно првиот начин е приватизација, вториот е делумна приватизација со аукција или со избор на стратешки партнер, рече Ковачевски на седницата за пратенички прашања.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Магистрите и докторите на наука се откажуваат од барање работа во Македонија, перспективата ја гледаат надвор
Следната статијаКако социјалните мрежи го гушат граѓанскиот отпор?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде