Брзото започнување на преговарачкиот процес за Северна Македонија ќе е позитивен импулс за динамиката на реформите.

Премиерот на Македонија Ковачевски на средбата со претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен како охрабрувачка ја оцени брзата организација на неговата работна посета на Брисел, заради можноста највисоките претставници на ЕУ да бидат запознаени со резултатите од интензивната агенда на дијалогот помеѓу Северна Македонија и Бугарија.

Од исклучителна важност во тој процес е вклучувањето на Европската Комисија и Француското Претседателството со ЕУ за да се овозможи решенијата да бидат во согласност со европските стандарди и вредности.