Минатата година оваа време, дознав дека сум позитивна на коронавирусот. Од тој ден, мојот живот е потполно променет, пред се затоа што е сменето моето здравје и моето тело.

Иако имав релативно лесна клиничка слика и мислев дека „добро сум поминала“ наредните неколку месеци сфатив дека коронавирусот трае многу подолго одошто тоа го покажуваат резултатите од ковид тестовите.

Шест месеци по заболувањето од ковид, се разболев до исцрпување. Во животот не ми се случило да бидат толку истрошена од навидум обична настинка. Иако, моите резултати на ковид тестовите беа негативни, јас ги имав идентичните симптоми како кога имав ковид: изгубив чувство за мирис и вкус, имав сериозна кашлица и благо покачена температура. Моето тело се бореше цели 2 недели со навидум обична настинка.

Но, не ја разбрав сериозноста на ситуацијата во тој момент, се додека пред неколку дена повторно се разболев на идентичен начин. Резултатите од ковид тестовите кои скоро секојдневно ги правам се негативни, а јас немам осет за мирис, вкус, имам сериозна кашлица и оштетување на срцевиот мускул што постојано ми прескокнува. Лекарите одбиваат да ја третираат сериозно мојата состојба бидејќи пациентите со ковид позитивни резултати им се приоритет.

Многу полесно се разболувам, многу потешко се опоравувам.

Поентата не ми е да се исповедам за мојата здравствена состојба, туку да го наведам сопствениот пример да ви пренесам колку е КОРОНА ВИРУСОТ чуден. Нешто сериозно се случува со ковидот и се плашам дека многу доцна ќе ги дознаеме целокупните последици од вирусот.

Вакцините се немоќни пред вирусот, лекарите исто така, оние кои не се вакцинирале и не го фатиле вирусот се ГОЛЕМИ СРЕЌНИЦИ. Фактот дека мора да избереме помеѓу СЛОБОДАТА која се добива со вакцинален сертификат и ЗДРАВЈЕТО кое може да се одржи само ако нема контакт со вирусот ја прави целата оваа хаварија уште подраматична.

Чувајте се да не се инфицирате од вирусот, тој ќе ви го земе здравјето, ќе ве остави без сон, ќе ви ја промени целокупната перцепција, вирусот однесе многу семејства, и секојдневно ги бележи своите успеси (ЖРТВИ). Не е ниту малку наивен, без разлика на тоа што луѓето го негираат неговото постоење.

Ова не е пандемија, ова е војна, борба за опстанок и живот, борба да не се инфицираме со корона, или борба да го спасиме нашето тело на кое короната му нанела многу штета.