Платформата за онлајн понуда за сместување Airbnb објави дека ќе прими бесплатно привремено 20.000 бегалци од Авганистан, пишува Би -Би -Си.

Директорот на компанијата Брајан Чески рече дека ова е одговор на „една од најголемите хуманитарни кризи на нашето време“.

Понудата започнува веднаш, а Чески вчера на својот Твитер профил објави дека Airbnb од тој ден ќе почне да нуди бесплатно сместување за бегалците од Авганистан.