Во Кипар е откриена нова варијанта на коронавирусот. Тој е наречен делтакрон, бидејќи претставува комбинација на постојните, делта и омикрон.

Новиот сој е идентификуван во Лабораторијата за биотехнологија и молекуларна вирусологија на Универзитетот на Кипар, соопшти нејзиниот раководител проф. д-р Леонтиос Кострикис, а пренесе „Блумберг“.

Во текот на декември биле извршени продлабочени генетски анализи на 1.377 теста а кај 25 од нив е откриен новиот вид на ковид-19. Сите тестови биле од хоспитализирани пациенти.

Бидејќи се базира на делта сојот, а содржи и генетски мутации на омикрон, научниците го нарекле делтакрон (Deltacron).

Кипарскиот министер за здравство Михалис Хаџипанделас вели дека новиот вид не треба да загрижува бидејќи е комбинација од две веќе познати мутации на коронавирусот.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Пообилни врнежи од снег во западните и северните делови
Следната статијаНи се заканува светска инфлација, а еве како таа изгледаше во Југославија:

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде