Храна која ја влошува состојбата со депресија:
- Алкохол
Многу луѓе, за жал, се свртуваат кон алкохол кога имаат тежок ден или период. Но, алкохолот е депресивен, што значи дека нè доведува во состојба на депресија, апатија, летаргија, пренесува Слободна Далмација.
Ако пиеме премногу, најверојатно ќе реагираме импулсивно или ќе донесеме лоши одлуки. Овие лоши одлуки можат да ја влошат депресијата.
За жал, понекогаш е премногу лесно да се убедиме дека алкохолот ќе ни помогне, но тој всушност само ќе ја продлабочи штетата.
- Шеќер
Прекумерното внесување шеќер може да има долгорочни здравствени последици. Не е реално да се очекува дека ќе можеме целосно да го елиминираме шеќерот од исхраната, но дури и ограничувањето на количината до разумна мерка носи придобивки.
Американското здружение за срце препорачува возрасните да не консумираат повеќе од 25 (за жени) до 36 (за мажи) грама додаден шеќер секој ден.
Храната како колачи, чоколадо, бисквити е богата со шеќер и затоа може да влијае на нашето расположение. Може да ни помогне привремено да се чувствуваме добро, но навистина е само привремено.
Шеќерот има многу малку или воопшто нема хранлива вредност и драстично влијае на витамини од групата Б.
Со цел да се претвори шеќерот во енергија, телото ги троши овие витамини кои се важни за подобрување на расположението, особено витамини Б6 и Б12.
Кога нивните нивоа ќе паднат, има пад на енергијата и посиромашна функција на мозокот, што значи дека полесно ќе се лизнеме во депресивна состојба.
- Брза храна
Брзата и преработена храна, како хамбургери и помфрит, се полни со состојки кои сите, не само луѓето кои се борат со депресија, треба да ги избегнуваат.
Истражувањата покажуваат дека јадењето хамбургери, колбаси, пица, мафини, крофни и слична храна може да го зголеми ризикот од развој на депресија.
Имено, тие содржат транс масти кои воопшто не се потребни во исхраната на луѓето, но се штетни. Тие го зголемуваат нивото на холестерол што влијае на здравјето на срцето, крвните садови, мозокот.
- Кофеин
Со кофеинот не треба да се претерува, бидејќи во овој случај може да го наруши спиењето и да доведе до вознемиреност.
Несоницата може да биде пропратен ефект на кофеинот, па затоа може да нè направи раздразливи и истоштени, што дополнително ја влошува депресијата, пишува živim.hr.