Креативноста е многу важна карактеристика на луѓето без разлика на тоа со што се занимаваат.
Креативните луѓе имаат секогаш иновативни идеи и ги унапредуваат техниките во насока на зголемување на придобивките.
Иако уметниците се сметаат за најкретивните луѓе, бидејќи тие творат и создаваат, спека уметноста и креативноста е вклучена во секоја работа до одреден степен.
Но што значи кога ќе кажеме „креативност“ и со што се карактеризираат „креативните луѓе“?
- Неповторливост
Тие никогаш не се повторуваат и секогаш од нив може да слушнете, видите и очекувате нешто ново и сосема поинакво.
Креативните се вистинско освежување за секоја работа и нив не може ниту друг да ги повтори, ниту тие да имаат ист настап како што имале претходниот пат.
- Оригинални идеи
Нив постојано им се случува ЕУРЕКА моментот бидејќи се ангажирани во она што го работат максимално.
Имаат оригинални идеи и зборуваат од позиција на мислители, за креативните луѓе не е важна енергијата, ниту вложуваат многу во изгледот, едноставно тие располагаат со идеи и нив ги делат.
- Самокритичност
За нив никогаш не е доволно добро и никогаш не ја завршуваат својата работа.
За нив работата е процес, а не две-три лоши или добри епизоди.
Од креативниот човек никогаш нема да слушнете – Еј имам една многу добра идеја.
А во суштина кога ќе ја слушнете таа идеја сфаќате дека станува збор за сосема просечна идеја или идеја која не е баш толку оригинална и решавачка.