Сите некогаш сакаме да се опуштиме во јадење и пиење, а секако ги има и оние денови кога тоа го правиме поради некој посебен повод и прослава.
Како нашиот стомак ќе се справи со некоја чашка повеќе и со помрсен оброк верувале или не многу зависи од тоа какво предјадење избираме.
Доколку сакате храната која ќе ја јадете побрзо да се свари, а токсините од алкохол побрзо да се исчистат, тогаш изберете храна богата со витамин К или пробиоткска храна.
Идеално за предјадење кога е избор на салата во прашање е салата од зелка, без разлика дали е свежа или кисела.
Свежата зелка има ензими кои помагаат во разградување на состојките и е богата со витамин К кој е одговорен за правилно разложување на храната.
Киселата зелка, пак, е богат пробиотски производ, а пробиотците се заслужни за побрзо и правилно разложување на храната.
Покрај салата, можете да изберете и сирење, павлака или други ферментирани производи кои се исто така пробиотски производи.