Сигурно барем еднаш во животот ве изнервирало замаглено огледало во бањата. Свесни сте дека по капењето мора да го исчистите за да ја довршите хигиенската рутина, за која ви е потребно токму огледало.

Tрикот со машка пена за бричење по кој огледалото во бањата нема да се замагли ни по долго туширање со топла вода, може да ви помогне многу.

Слојот пена на површината на огледалото ќе создаде невидлива заштита со која ќе се спречи лепење на влагатa.

Но, ако не купувате пена за бричење, може да користите и течност за миење садови.

Доволно е само да го премачкате огледалото со тенок слој, а потоа да го избришете со памучна крпа за да го задржи сјајот и да спречи создавање влага.

По оваа постапка може со недели да се туширате, а огледалото во бањата ќе биде исто, сјајно и незамаглено.