Партнерството не е вечна врска меѓу луѓето, за разлика од родинските или крвните врски. Сите треба да бидеме свесни дека сегашниот партнер, во било кој момент од нашиот живот може да стане поранешен без разлика на тоа колку ние луѓето да се обидуваме да ги зацврстиме партнерските односи преку бракот, децата и други социјални форми. 

Но крајот на едно партнерство никогаш не е прифатен со ентузијазам, колку и партнерот кој става крај на заедницата да е свесен дека тоа е најдоброто решение. Едноставно разочарувањето од пропаѓањето на нешто кое што сте го граделе е природна емоција по прекинување на партнерството.

Но оние партнери кои биле оставени, често поради емотивна повреда, се претвораат во „токсични“ поранешни партнери кои прават се да му го отежнат новиот живот на својот поранешен партнер и да му ја „расипат“ среќата. Во суштина токсичните поранешни партнери се оние кои се оставени, се доживуваат како понижени, помалку вредни и заменети, што ја предизвикува нивната „отровност“.

Треба да знаете дека се додека поранешниот партнер се однесува токсично кон вас, вие имате целосна контрола над неговите емоции и неговиот живот. Токсичните поранешни партнери се слаби и ранливи и тие својот живот го препуштаат на тоа дали туѓата среќа ќе успее или не.

Како да препознаете токсичен партнер?
  • Зборува лошо за вас пред другите 

Ако вашиот поранешен партнер постојано ве споменува во негативен, па и позитивен контекст пред другите тоа значи дека сака да ја употреби околината против вас и да ви создаде нелагодни социјални услови за живот.

Не обрнувајте внимание на ваквите ситни игри кои не се загрозувачки по вас на ниту еден начин. Тие можеби се досадни како комарци кои имаат капацитет да ве изнервираат краткотрајно, но свесни сте дека не ви можат апсолутно ништо.

  • Се обидува да најде начин да стапи во контакт со вас

Ако поранешниот партнер се обидува да стапи во контакт со вас под различни, често банални изговори, знајте дека не расчистил со вас.

Дури и да имаат еднонасочна комуникација со вас, тие сметаат дека го уредуваат вашето расположение. Понекогаш навистина сте шокирани од степенот на дно кое луѓето може да го допрат, но тоа на ниту еден начин не ве трга од вашите крајни цели.

За токсичниот поранешен партнер најдобро е да употребите блокирање на сите можни канали за воспоставување комуникација.

  • Инсистирање на заедница без љубов

За една партнерска релација да опстане нужен услов е да има љубов помеѓу партнерите и тоа возвратена. Но поранешниот токсичен партнер ги занемарува овие одлики на партнерската заедница и почнува да се повикува на родителската улога, заедничкиот имот, старите пријателства и т.н. По принципот ако не може да има партнерска заедница, по секоја цена мора да има каква било заедница.

Во суштина ваквата опсесија со поранешниот партнер треба да се заврши со пресекување на секој тип контакт со хирушки рез. Во спротивно дозволувате вашиот токсичен поранешен партнер во својата игра бекрупулозно да ги злоупотреби децата, законот, правото или другите луѓе.

Едноставно дајте до знаење дека за да постои било каква заедница со поранешниот партнер, вие треба да дадете согласност.