Балансот помеѓу работата и приватниот живот станува се поголем предизвик во денешното работното опкружување. Како да се одвои работниот од приватниот живот?
За да бидете успешени во кариерата, многу е важно да бидете усогласени и со своите приватни обврски, бидејќи со текот на времето работата ќе започне да трпи поради се, советуваат експертите.
Постојат начини како да бидете успешни во работата, а вашиот приватен живот да не трпи.
Доколку работите од дома, големи се шансите да имате двојни должности, со оглед на тоа дека ковид пандемијата направи потполна трансформација на работните навики и опкружувања.
Работа од дома – предности и маани и како да ја одвоите работата
Додека некои продолжуваат да работат на традиционален начин како и досега, многумина своите канцеларии ги преселиле во своите дневни соби или трпезарии, а тоа, се надеваме дека се согласувате, има свои предности и маани.
Балансирањето на линијата помеѓу приватниот живот и работата е се потешко откако речиси се е преселено на интернет, па така можеме да се ставиме во ситуација дома да немаме работно време и цел ден да е претворен во работа.
Балансот е клуч за се, па така започнете со мали промени, како поделба на деновите за одмор или дадете си време да се одморите во текот на попладевните часови или преку викендите.
Како да се балансираат работниот и приватниот живот?
Еден од најтешките делови од работата од дома е одвојувањето на работата од семјството и социјалниот живот.
Еве неколку совети за тоа како да ја одвоите работата од приватниот живот:
- Одредете ги приоритетите и дефинирајте ги работните и приватните обврски. Креирајте работен распоред и држете се до него. Тоа можеби ќе би биде големо искушение да одговарате на личните повици во текот на денот, додека после работното време да одговарате на деловни повици. Овие планови треба да се прават секојдневно и тоа за еден ден однапред и, доколку се однесуваат на други лица, да се вклучат во договорот и планирањето, со цел сите меѓусебно да можат да го усогласат својот план кој може да се реализира. Доколку приватните планови се нарушуваат поради работните обврски, погрижете се да ги известите семејството и пријателите за тоа.
- Вашите пријатели или семејството можеби ќе сфатат дека тоа што работите од дома им дава за право да ви се јават да одите на кафе или на шопинг. Кажете им дека вашите работни денови се токму за извршување на работните обврски. Оставете ги приватните повици за после работното време и ќе видите дека вашите пријатели ќе го прифатат вашиот распоред.
- Сега кога имате работен распоред, тоа не мора да значи дека треба да се се држите до тоа време како и сите други. Определете го времето кога сте најмногу продуктивни и кога најмногу ви одговора. Без разлика дали се работи за утро или вечер, поставете го своето време во согласност со тоа кога можете да завршите најмногу работа и кога сте најмногу продуктивни.
- Доколку добивате повици и после работното време, важно е да имате и втора линија која е стриктно деловна или макар да имате секретарка која ќе одговора на тие повици. Ако ги одвоите работните од приватните обврски, на клиентот ќе му пружите попрофесионален однос.
- Избегнувајте да ги прегледувате вашите деловни е-мејлови, пораки или гласовни пораки кога сте дома. Избегнувајте го ова и додека сте на работа со вашите приватни пораки, бидејќи на тој начин ќе ја намалите вашата продуктивност и можеби ќе останете подолго на работа.
- Точно распоредете ја вашата работа и на време одете дома за да можете да го поминувате ефикасно времето со своето семејство. Поставете си себеси цел секој ден да одите во исто време на работа.
- Кога не сте на работа немојте да разговарате за работа.
- Дружите се се луѓето кои не ви се пријатели од работа, но ако имате пријатели со кои работите, воспоставете правило кое налага дека нема зборување за работа кога сте вон канцеларија.
- Заборавете на работата кога сте дома. Фокусирајте се на семејството, хобијата и личните интереси. Треба да научите да ги контролирате стресот и мислите, колку што е можно повеќе и после работното време целосно да му се посветите на семејството.