Спиењето е важно за здравјето на организмот, а со тоа ќе добиеме функционален ден.
Неколку работи што треба да ги имаме на ум кога е спиењето во прашање:
-ограничете го времето за гледање екран и прескокнете го кофеинот, но дали е тоа доволно?
Понекогаш спалната соба може да има негативен ефект врз спиењето и неможноста за брзо заспивање.
Совети за попријатен и полесен сон
- Ноќна маса
Преполните маси покрај креветот потсетуваат на нашите обврски и грижи.
Затоа е најдобро да ги ограничите предметите на нив. Сè што ви треба е книга, лаптоп и будилник.
- Подготвување на креветот
Поставување кревет покрај ѕид каде што имаме јасен поглед на вратата и ако е можно прозорец може да направи да се чувствуваме побезбедни и со тоа да ги ублажиме грижите.
Фенг Шуи нагласува дека се избегнува поставување на кревети покрај прозорецот.
- Поместете го телефонот подалеку
Најдобро е да го исклучите звукот на вашиот телефон кога одите да спиете.
- Завесите
Колку е помрачна спалната соба, толку полесно ќе заспиеме и ќе биде подобар квалитетот на спиењето.
Изложеноста на светлина, дури и ако е затемнета, може да го попречи лачењето на хормонот мелатонин кој предизвикува спиење.
- Тепих
Препорачливо е да имате мек тепих околу пределот на креветот.
Му дава на просторот пријатно чувство и ја зголемува удобноста кога стануваме.