Среќата се гради преку мали чекори. Затоа е важно на вашата среќа да работите секојдневно.
Чувството на среќа ги подразбира и чувството на исполнетост, радост, спокој, мотивираност и задоволство.
Човек не може да се роди среќен, може да се роди во подобри услови за живот, кои не е нужно да значат среќа.
Да се биде среќен не е моментална состојба, не е предетерминирана состојба и не зависи барем во најголем дел од надворешни фактори.
Затоа ви предлагаме неколку активности преку кои може да работите на унапредување на вашата среќа:
Организирајте ги работите пред почетокот
Без разлика дали имате слободен ден, одите на патување, летен одмор или имате работен ден, предвидете што ќе се случува.
На тој начин, дури и да не тече се по планот ќе имате чувство дека вие сте тие кои имате целосна контрола над вашиот живот, не околностите или другите луѓе.
Секако доколку другите се вклучени во вашите активности, направете план по претходен заеднички договор, но инсистирајте сите да се придржуваат до заедничкиот план.
На пример наутро кога ќе станете од спиење, наместете го креветот зад себе, поработете на својот изглед, средете го бирото пред да започнете со работа.
Со тие мали гестови ќе се чувствувате посамоуверено, вредно и корисно.
Поминувајте повеќе време на сонце или во движење
Сите сме забележале дека се создава посебно расположение помеѓу луѓето кога времето е сончево.
Витаминот Д од сончевите зраци е задолжен за раст на хормоните на среќа.
Овој витамин е клучен и за добра и витка линија.
Движењето од друга страна, пак, ја подобрува циркулацијата и ви дава чувство на добра здравствена состојба, која исто така е клучна за среќа.
Градете здрави пријателства
Бидете пријателски расположени кон другите луѓе и тие ќе ви возвратат на ист начин.
Соработувајте, покажете почит и бидете духовити. На тој начин ќе привлечете добра енергија и позитивни луѓе околу себе.
Креирајте нови предизвици
Не дозволувајте да живете еден ист ден, секој ден, 70 години.
Секој ден нека ви биде поинаков и полн со предизвици.
Давајте си задачи, пробајте да работите нешто ново, да учите странски јазик, да посетите курс за шминкање.
На тој начин ќе откривате нови слоеви на животот и ќе сфатите колку животот е убав и вреден да го сакате уште повеќе!
Автор: Магдалена Стојмановиќ