Присуството на деца во домаќинството има различни ефекти врз стапката на вработеност на мажи и жени, покажуваат податоците за 2020 година.

Во Европската унија, претходната година, во возрасната група од 25 до 54 години, вкупно 72,2 проценти од жените и 90 проценти од мажите со деца беа вработени, пишува Еуростат.

Во истата возрасна категорија, од 25 до 54 години, но без деца, жените имале повисока стапка на вработеност од 76,8 проценти, додека мажите имале помала стапка на вработеност од 80,9 проценти.

Најголемо учество на вработени жени со деца има во Словенија, 86,2 проценти, потоа Шведска, 83,5 проценти, Португалија, 83 проценти, Литванија, 82,6 проценти, Данска, 80,7 проценти и Финска, 80,3 проценти.

Најниската стапка на вработување на жени со деца е регистрирана во Италија, 57,3 проценти, Грција, 61,3 проценти и Шпанија, 66,2 проценти.

Мажите со деца најчесто биле вработени во Чешка, 96,5 проценти, потоа Малта, 95,7 проценти, Словенија, 95 проценти и Шведска, 93,9 проценти.

Италија и Грција забележаа најголеми разлики помеѓу половите, со и без деца. Најмалиот родов јаз за луѓето со деца е забележан во Литванија, Словенија и Португалија.

За луѓето без деца, Португалија, Белгија и Германија имаат најмал родов јаз во однос на вработувањето.

Во 2020 година, вработувањето на жени кои немаат деца или имаат до две деца беше слично, околу 74 проценти.

Колку повеќе деца има жената, толку е помала стапката на вработеност, покажаа податоците.

Просечната стапка на вработување за жени со три или повеќе деца изнесувала 59,1 проценти.