Конзумирање на една или повеќе шолји кафе на ден може да го намали ризикот од срцева слабост, според новото истражување. Но, вашиот омилен пијалок мора да содржи кофеин.
Мета-анализа на три големи студии покажа дека е забележан помал ризик од срцева слабост кај луѓе кои пиеле повеќе шолји кафе.
Но, кафето без кофеин го нема истиот ефект.
–Врската помеѓу кофеинот и намалувањето на ризикот од срцева слабост нè изненади, изјави водечкиот автор на студијата, д-р Давид Као, професор по кардиологија на Медицинскиот факултет „Аурора“ во Колорадо.
Но, не смее да биде замена за здрав живот
–Кафето и кофеинот кај општата популација често се сметаат за „лоши“ за срцето затоа што луѓето ги поврзуваат со срцеви палпитации и висок крвен притисок. Конзистентната врска помеѓу зголемувањето на потрошувачката на кофеин и намалувањето на разликите од срцева слабост ја претвораат оваа претпоставка наопаку, додаде тој.
Но, иако резултатите докажуваат причина и последица, тоа не значи дека кафето може да биде замена за здрав живот кога е во прашање здравјето на срцето, рече Као.