дома животен стил Kако односот со родителите влијаe врз психичката состојба?!

Kако односот со родителите влијаe врз психичката состојба?!

1006
0

Односот родител-дете е еден од најкомплексните односи кај човечкиот род.

Тој е исто така важен за градење на зрела, цврста и психички здрава возрасна личност. Психолозите многу од проблемите ги согледуваат во минатото, односно во раниот период на детството.

Според психоаналитичарите, доживувањата од минатото имаат импликации врз сегашните психички состојби.

Односот на родителот со детето и обратно зависи и од културата која ги регулира односите и кои поставува одредени пропишани или непишани стандарди и начин на живот на поединците.

Постојат култури во кои децата многу порано се осамостојуваат од своите родители, за разлика од други култури каде што не се осамостојуваат се до смртта на родителот и преземање на грижа за родителите во нивната старост.

Односот со родителите е битен за психичко здравје, а еве неколку факти кои ќе ви помогнат да изградите здрав однос и да го зачувате здравјето:

Koala, Animals, Mammals, Australian, Grey, Furs, Furry

Ниту еден вид во природата не останува да живее со родителите

Другите видови имаат исто живеалиште со родителите само додека не се осамостојат во ловот и не ги стекнат сите спосoбности за независно функционирање.

Ниту еден вид освен човечкиот не познава живеење на родителите и децата во заедница. Од таа причина и не е природно родителите да ви се предолго, преприсутни во вашите животи. Што порано се осамостојувате, толку полагоден живот ќе имате.

Најдобро ќе се грижите за родителите ако не ги загрижувате со вашите грижи

Кога сте секојдневно со некој и го упатувате со сите ваши проблеми, нелагодности и животни ситуации, тогаш претерано го ангажирате.

Родителите ќе се поспокојни и посреќни ако ве гледаат за убави работи, а вие нема потреба да ги оптеретувате со проблеми кои можете да ги решите сами.

Односот е линеарен а не верижен

Природно е родителите да се грижат за децата, а не обратно. Не значи дека ако родителите се грижеле за вас додека сте биле немоќни, вие треба да им го вратите тоа во староста. Никаде во природата не е тоа така!

Наместо да водите грижа за тоа како ќе ви остарат родителите фокусирајте се на тоа каква средина ќе создадете за своите деца.

Граници на емотивна поврзаност

Љубовта кон родителите е недвосмислена, но емотивната поврзаност треба да има граници. Не можете да се тревожите за секоја повреда или болка на родителот.

Според животниот тек на работите e тие ќе го напуштат светот пред нас, како што ние ќе го напуштиме пред нашите деца.

Родителите во староста имаат реални и практични потреби од вас – достава на храна, лекови или медицинска грижа. Најдобро ќе им помогнете ако им се најдете ако им пружите физички рака, а не доколку постојано се оптеретувате со нивната состојба која природно и очекувано се влошува со надоаѓање на староста.

Магдалена Стојмановиќ