Историјата на ЕУ не бележи баш секогаш успеси и не сите европски држави и народи имаат амбиција да се приклучат на унијата.
Прв пример за тоа е Норвешка, чији граѓани двапати на референдум се изјасниле дека не сакаат да бидат дел од ЕУ. Норвешката влада двапати во историјата ги започнувала барањата за кандидатура, па преговори, но граѓаните на референдум кој по нивниот Устав е задолжителен за вакви прашања се изјасниле дека не сакаат Норвешка да биде членка на ЕУ.
Втор пример е Исланд. Во 2009 година Ислад со брзина на светлината добива кандидатура. Според изјавите на тогашните еврокомесари за проширување Исланд е стара демократија и за Исланд може да важат посебни услови, односно во превод привилегии. Евроинтеграциите на Исланд брзо напредуваат, а во 2010 година Исланд добива датум за преговори. Сепак, Исланд одлучува да го повлече барањето за членство бидејќи условите кои ЕУ ги поставува во однос на риболовот не биле прифатливи за Исланд. Исланд има уште едно такво дефиле на вклучи се исклучи се во ЕУ. Но паметно уште од 2001 година ги користи само придобивките на Шенген зоната.
Швајцарија се уште не е во еврозоната. А пред очи нам ни се случи и Брегзит, по одлуката на граѓаните на ОК да не бидат дел од ЕУ.
Хрватските интелектуалци и денеска велат дека постојат неколку ЕУ. Една ЕУ се Германија, Франција, Бенелукс, Италија… (Германија на прво место), втора ЕУ се земјите од источниот блок што се вклучија во ЕУ по 1990 година и трета ЕУ се земји што се вклучија во ЕУ по 2000 година, односно Бугарија, Романија и Хрватска. Така често од хрватските интелектуалци и евроскептици ќе слушнете дека Хрватска и земјите од третиот слој на ЕУ, служат како депонија на другите земји од ЕУ, бидејќи таму се увезува најлошата храна, отпад и други штетни материи, а државното земјиште се дава под концесијаа на оние кои имаат пари, а тоа се помалку се Хрвати, а се повеќе Италијани или Германци.
Евростат секоја година потврдува дека токму овие земји од третиот слој се на дното на табелата кога е БДП или квалитет на живот во прашање и секогаш на врвот кога е во прашање корупција, недемократично владеење и кршење на владеењето на правото.
Што мислите, каков би бил статусот на Македонија како членка во ЕУ? Не е секогаш смислата да бидете дел од големо друштво каде што мислите дека сте заштитени само затоа што седите на иста маса со големите батковци. Од нив и најмногу ќе го трпите понижувањето и дискриминацијата. ЕУ не е толку успешна колку што ни се прикажува преку граѓанските активисти во Македонија и политичките говори. За жал во јавниот простор во Македонија има премалку евроскептици, кои ќе ви ја кажат и другата страна на приказната, онаа што не ја знаат генерациите што растеле со „Ода на радоста“ – „Радост бистра убост чиста ќерко од Елизија“.
Од друга страна ЕУ јасно нагласи дека не планира проширување во наредните неколку години, или како што би се рекло со конверзациона импликатура со целото лицемерие и цинизам на дипломатскиот говор – проширувањето не е приоритет.
Турција со години чека одлука на ЕУ за проширување и нема да ја добие, пред се, затоа што Турција не е ни перфиреја од зентот на христијанската средновековна Европа врз чии идеали и вредности и ден денеска почива ЕУ.
Да не ни се случи уште една катастрофа како со Грција, решен спор, кој во суштина не реши ништо. Реши во нивниот однос кај нас, меѓутоа внатре Македонија отвори многу горливи прашања и луѓето не заборавија дека името беше променето со референдумска одлука која не помина ни цензус.
Бугарија нема никаква врска со нашата евроинтеграција и проблемот со нив не треба да се решава, треба апсолутно да се игнорира. Престанете веќе со тие свечени пречеци и заеднички славења на историјата со луѓе кои во фаца ви викаат дека зборувате бугарски и дека сте србизирани Бугари, аман бре имајте барем малку достоинство.
Вистината е дека ЕУ нема интерес од нас и тоа е најголемата пречка во зачленување на Македонија во ЕУ. Бугарија во ЕУ не е ни задњо дупче на свиралче, никој нив тамо не ги врти, само ние во Македонија им дозволуваме да ни доаѓаат во посети и да не учат кои сме ние. Се плашам дека овој пат, народот нема да е толку мирен и изманипулиран, како во случајот со спорот со Грција…