Во Музеј на Македонија, на 25 декември 2025 година (четврток), со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Македонските бајки и легенди“, илустрирани од академскиот сликар Димитар Кондовски.
На изложбата ќе бидат претставени избор од илустрации инспирирани од македонското народно творештво, меѓу кои и цртежи за бајките Силјан Штркот, Детето без страв и Марко и самовилата.
Воведно обраќање на отворањето ќе одржи кустосот на изложбата, Јасминка Намиќева, која ќе се осврне на значењето на визуелната интерпретација на македонските бајки и нивната улога во зачувувањето на културното наследство.
Изложбата нуди редок увид во уметничкиот свет на Димитар Кондовски, каде традицијата, митот и современиот ликовен израз се спојуваат во единствена целина.














