Утрово најниска температура од -7 степени Целзиусови е измерена во Берово.

Следат Струмица и Битола со -5, -4 во Демир Капија, -3 Скопје-Петровец, Тетово, Прилеп, Штип, Гевгелија, -2 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Лазарополе, -1 Крива Паланка, Виница, Маврови Анови и 0 степени во Охрид, Претор, Крушево, Дојран, Попова Шапка.

Времето претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ниска облачност, а попладне сончево со мала до умерена облачност. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Дали забележавте намалување на сметките за струја?
Следната статијаПоради зголемено воздушно загадување реорганизирано работно време, ослободени трудниците и постарите