Слаб земјотрес кај Петриња, со јачина од 3 степени според Рихтер, е регистриран во понеделникот вечерта кај Доња Будичина, пет километри југоисточно од Петриња, соопшти Сеизмолошката служба на Република Хрватска.

Сеизмолозите на Сеизмолошката служба го регистрирале земјотресот во 10 часот и 18 минути, а епицентарот бил во близина на Доња Будичина кај Петриња, информираат од Сеизмолошката служба.