Гугл наводно ги информирал луѓето дека оние кои нема да ги почитуваат правилата на компанијата за вакцинација ќе останат без работа.

Вработените мора да достават документи како доказ за статусот на вакцинација, се наведува во интерната комуникација во која увид имале новинарите на американската телевизија CNBC.

Оние кои нема да го сторат тоа ќе бидат на неплатено отсуство и на крајот ќе бидат отпуштени, се додава.

„Гугл“ се обидува да ги врати вработените во канцелариите, што неколку пати беше одложувано и очекува оние што ќе дојдат на работа да бидат вакцинирани.