Ресорната министерка Јагода Шахпаска уверува дека состојбата е генерално стабилна, дополнителни мерки ќе има само со амин од епидемиолозите.
Како што таа посочи, од отворањето на градинките на 9 септември досега заболеле 26 дечиња и 83 негуватели, хигиеничари и други вработени. Само минатата недела 9 деца и 40 возрасни добиле позитивен КОВИД тест. Во изолација завршиле безмалку 500 деца.
–Сите вработени и дечињата кои што биле позитивни се во добра здравствена состојба. Во изминатиов период имавме само една хоспитализација на дете и на еден воспитувач кој што имаше и други дополнителни хронични болести, поради тоа беше ставен во болнички услови. Меѓутоа, генерално сега за сега состојбата со децата во градинките е добра и ние правиме увид и проценки како понатаму ќе се однесувам – вели Јагода Шахпаска, министер за труд и социјална политика.
Секое второ запишано дете не оди во градинка.
Шахпаска потенцира дека градинките ширум земјава имаат место за згрижување 20.718 дечиња, но половина од местата се празни.