Првата група од 155 туристи од Холандија, вчера пристигна на Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“. Гостите од Холандија кои слетаа со чартер лет на холандскиот туроператор ТУИ рекоа дека слушнале за гостопримливоста на македонскиот народ и за одмор во Охрид се одлучиле поради препораки од туристи кои веќе престојувале тука.

Првпат доаѓам тука, но слушнав за Охрид од мои сограѓани кои летувале тука. Тие имаа многу позитивни искуства од престојот, па затоа решивме и ние да дојдеме. Сакаме да ја видиме културата, природата , сите убавини и интересни работи со кои изобилува вашата земја, ни изјави еден од холанските туристи.

За дел од туристите причина била богатата природа, култура и историја за да го изберат Охрид.

Знаеме дека имате прекрасна природа по вторпат сум тука. Љубезноста на луѓето ми остави најголем впечаток, рече една Холанѓанка.

Според планираното, во Македонија со операторот ТУИ годинава ќе престојуваат околу 7. 000 туристи од Холандија, кои ќе пристигнат со 60 чартер летови, но се очекува овој број ќе биде и поголем, поради тоа што имало многу голем интерес од страна на холандските туристи.

Очекуваме 150 проценти повеќе Холандски гости да го посетат Охрид и Македонија во 2022 година. Во јуни очекуваме 3-4 чартер летови неделно додека во јули и август 4-5 чартер летови неделно, но и други туроператори и дестинации да го оперираат Охрид. Зборуваме за полски и за турски туроператори. ТУИ Велика Британија започнува со нивната операција од 15 јуни и очекуваме неколку илјади туристи од Велика Британија, вели директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски.

За прв пат во историјата годинава организираи туристи ќе се носат од Велика Британија, околу 2.000 гости.