Апелите на германската Влада, пред се на министерот за економија Роберт Хабек, граѓаните да штедат енергија со помалку туширање вродија со плод, покажа истражувањето на институтот ИНСА.

Ова барање доведе 62 отсто од Германците да се тушираат пократко и поретко отколку пред само неколку недели.

Од друга страна, 35 отсто тврдат дека не ги промениле навиките за туширање. Поддржувачите на партијата Зелени, 33 отсто, почесто од другите гласачи велат дека таа го намалила времетраењето и зачестеноста на туширањето.

А, Германците со помали примања почесто изјавуваа дека на овој начин штедат енергија. Речиси секој втор Германец, 45 отсто, има преземено и мерки на претпазливост за студената зима, односно имаат намера тоа да го направат наскоро, на пример, преку набавка на генератори за струја и слично.

Интересно е и тоа што 44 отсто од граѓаните најавија дека сакаат и ќе учествуваат на евентуалните демонстрации против високите цени на енергенсите.