Германската компанија Лидл, која е позната по синџирот маркети, широк асортиман на производи и поволни цени, забрзано се подготвува за влез на црногорскиот пазар, пишува порталот Инвеститор.

Во следните три години Лидл ќе отвори најмалку пет супермаркети во Црна Гора, а првите објекти ќе бидат изградени во Подгорица.

Се додава дека во моментов е во тек фазата на лобирање, односно „акција во заднина“ со цел што подобро да се завршат сите правни и други работи.

Според порталот Инвеститор, Лидл би можел да вработи околу 1.000 луѓе во Црна Гора.

Во тек е итна потрага по локации, а пред неколку дена беше објавено дека фирмата поврзана со Лидл доставила понуда за купување на 13.200 метри квадратни во подгоричкиот кварт Сити, за што понудила 3,73 милиони евра.

Пазарот на мега-маркети во Црна Гора стана доста голем во последните години, бидејќи повеќе синџири се приклучија на големи компании.

Од оригиналните седум и осум синџири маркети, црногорскиот пазар беше намален на четири поголеми системи Воли, Лаковиќ, Меркатор (Идеа) и Домашна трговија.