Папата Франциск ги покани христијанските верници ширум светот на поскромна прослава на Божик оваа година со цел да им се помогне на Украинците со „конкретни гестови на милосрдие“.

Убаво е да се слави Божик и да се слави, но ве повикувам малку да го намалите нивото на трошење на Божик. Да го прославиме Божик поскромно и да го испратиме тоа што ќе го заштедиме на граѓаните на Украина на кои им е потребно, рече Папата.

Од почетокот на војната во Украина, папата Франциск во неколку наврати повика на испраќање помош за земјата.

Ватикан организираше неколку хуманитарни акции за помош на Украина.

ИЗВОРФокус
претходниот член,Нов Зеланд воведува целосна забрана за пушење цигари
Следната статијаМакедонците и Турците најгневни во Европа