Франција е подготвена да ја користи руската вакцина Спутник V доколку добие согласност од Европската агенција за лекови (ЕМА) и доколку производството е во согласност со важечките стандарди за квалитет, изјави државниот секретар за европски прашања во француската влада, Климент Бон, во интервју за ТВ БФМ.

Ние не спроведуваме антируска политика на кој било начин – рече Бон и потврди дека Русија веќе доставила барање за одобрување на вакцината Спутник до Европската агенција за лекови, пренесува ТАШ.

Бон потенцираше дека не доаѓа предвид да се користи руската вакцина за вакцинација пред да биде научно тестиран препаратот и посочи дека се потребни околу два месеци за да се провери вакцината.

Тој исто така потврди дека се разгледува и прашањето за производство на руски вакцини во Франција.