Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ до Американската администрација за храна и лекови ги доставија прелиминарните резултати од испитувањето за употреба на нивната вакцина против коронавирусот кај деца на возраст од пет до 11 години.

Компаниите најавија дека набргу ќе испратат официјално барање до ФДУ за одобрување на вакцината за деца на оваа возраст бидејќи тестовите покажале дека вакцината е ефикасна и безбедна и за нив, пренесуваат агенциите.

Вакцината претходно беше одобрена за употреба кај деца постари од 12 години и во Соединетите Американски Држави и во европските земји.