Чајот од камилица има смирувачко и лековито дејство врз целиот организам, погоден е и за надворешна и за внатрешна употреба.

Некои од проблемите на кои благотворно делува се стомачни проблеми како што се грчеви и чиреви, помага во одржување на нивото на шеќер во крвта, делува антибактериско и антиинфламаторно, делува смирувачки на нервниот систем и ја ублажува нервозата и несоницата.

Освен како пијалок, овој напиток може да се користи и за вдишување и ублажување на последиците од настинка и алергиски ринитис или како течност за плакнење на очите, устата или грлото.

Камилицата промовира регенерација на кожата, па може да се користи за смирување на иритираната и оштетена кожа, без разлика дали се работи за рани, акни или изгореници од сонце.

Исто така го смирува скалпот и го ублажува проблемот со првутот. Доколку сте љубител на топли купки, следниот пат додадете камилица и вашата кожа ќе биде благодарна.