Ќе биде облачно и уште од ноќта со врнежи од снег на планините и на повисоките места.

Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови.

Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието.

Најниската температура ќе биде -3 степени, а највисоката дневна ќе достигне 6 степени.

Вторникот и средата не очекува слично време на денешното со отсуство на врнежи од снег, но студено и ветровито време.

Подобрување на временските услови од четврток и петок, кога ќе се забележи покачување на температурата, а времето ќе биде претежно ведро и сончево.