Следниот неработен ден за сите граѓани на РМ 11 октомври (понеделник), Ден на народното востание, што всушност е и продолжен викенд.

Празникот 23 октомври , Ден на Македонската Револуционерна Борба го “губиме” бидејќи се паѓа во сабота, а на 8 декември (среда) е “Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од католичка вероисповед – 01 ноември (понеделник), Празникот на сите светци, 25 декември (сабота), првиот ден на Божик. За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ – 22 ноември (понеделник), Ден на Албанската азбука.