Измените на Законот за работни односи со кои се предвидува задолжително пензионирање на 64 годишна возраст, поднесени во групата на пратеници, влегоа во собраниска процедура и го поминаа првото читање.

Исклучоци во јавниот сектор ќе има за дефицитарни кадри од областа на здравството и во високото образование, но тоа ќе биде регулирано со други закони.

Се предвидува задолжително пензионирање на 64 години, но сепак останува можноста жените да се пензионираат и на 26 годин, како што е регулирано со законот за пензиско и инвалидско осигурување.