Емисијата „Коридор 8“ од неодамна почна да се емитува на социјалните мрежи и предизвика огромно јавно внимание во Македонија и Бугарија.

„Коридор 8“ е творечки проект на Атанас Величков од Скопје и Георги Станков од Хасково.

Идејата на емисијата е да ги поттикне луѓето од Македонија и Бугарија на комуниција со цел да се срушат стереотипите и апстракциите кои политиката и медиумите ги имаат искреирано и кои се „виновни“ за недостатокот на комуникација помеѓу обичните луѓе од Македонија и Бугарија.

Факт е дека обичните луѓе од двете земји имаат многу повеќе заедничко од секојдневниот живот, отколку што имаат разлики што ги отуѓуваат и предизвикуваат фиктивни конфликти.

Стереотипите и апстракциите може да се разбијат само со разговор, со непосредна комуникација и со запознавање. Не постои прототип за припадник на една националност, постојат конкретни луѓе, со конкретни судбини – човечки и слични на нашите.

Ако човечкиот аспект се стави пред националниот ќе создадеме обединување наместо деструкција, – е ставот на творците на проектот.

Емисијата „Коридор 8“ се емитува секој петок во 19.00 часот, а гости се обични луѓе од Македонија и Бугарија кои со гледачите споделуваат рецепти за правење ајвар, ракија, кои ги запознаваат гледачите со културата во која припаѓаат и ја запознаваат културата на другите, во опуштен амбиент без претходно подготвени сценарија и модераторски реферати.

ИЗВОРМој збор
претходниот член,По колку дена е безбедно да се комуницира со лице со коронавирус
Следната статијаГерманското претседателство од Совет на ЕУ фрустрирано поради блокирање на Македонија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде