Европската агенција за лекови (ЕМА) денес објави дека вакцината АстраЗенека против ковид-19 не треба да се дава на секој што имал згрутчување на крвта и низок број на тромбоцити по првата доза.

Регулаторното тело на ЕУ за здравство препорача и сите оние кои се имунизирани со АстраЗенека да бидат под медицински надзор три недели по вакцинацијата поради можни несакани ефекти, пренесува Ројтерс.

ЕМА ги даде овие препораки по тековните извештаи за ретки, но сериозни тромбови, кои најверојатно се поврзани со имунизација со оваа, но и вакцината Џонсон и Џонсон.