дома информација вест Екстрадирано лице од Германија со вкупна затворска казна од 20 години

Екстрадирано лице од Германија со вкупна затворска казна од 20 години

Лицето треба да изврши затворска казна поради тешки кражби и криумчарење на мигранти

411
0

Секторот за меѓународна полициска соработка, при Министерството за внатрешни работи, во соработка со германската полиција, во Хамбург го приведе и преку екстрадициска постапка го донесе во Република Северна Македонија лицето Ѓ.М. за кое се трагаше со осум потерници.

Ѓ.М. е осуден на затворска казна со вкупно времетраење од 20 години за извршени тешки кражби и криумчарење мигранти.

Покрај тоа, Министерството за внатрешни работи во рамките на оперативната акција „Бегалец“ превзема интензивни мерки и активности за пронаоѓање и приведување лица, кои се бараат за издржување на затворска казна на територијата на Република Северна Македонија.